Фото: Pexels

Успехот не започнува со она што го правите, туку со она во што верувате. Успешните луѓе делат многу заеднички особини и однесувања: подготвено се соочуваат со сопствената ранливост, емотивните падови и ризикот од јавен и приватен неуспех.

Тоа се луѓе кои сакаат да успеат под сопствени правила, а еве неколку знаци што укажуваат дали спаѓате во оваа група.

Сакате да напредувате заедно со другите

Талентот е важен, но способноста за тимска работа и “напуштањето“ на сопственото его се единствен начин тимот да успее. Креирањето на таква атмосфера започнува со оној кој е на “врвот“. Од оваа причина успешните луѓе ќе одберат тимска работа, наместо хиерархија и своето задоволство и успех ќе го добиваат од задоволството и успехот на другите.

Не донесувате одлуга – креирате нова можност

Најголемиот дел од луѓето едноствано ќе одберат помеѓу А и Б. Луѓето кои се на пат кон успехот ќе создадат свое сопствено Ц. На успешните луѓе зборот “недостижно“ едноставно не им е во речникот.

Го слушате внатрешниот глас

Другите можеби ќе се сомневаат и ќе критикуваат, ќе осудуваат или ќе одрекуваат. Вам тоа не ви е важно, бидејки сите тие мислења ги гледате еднакво: тоа не се точни или неточни ставови, тоа се само мислења. Го почитувате туѓото мислење, но верувате во сопствените идеи, способност и посветеност. Верувате во себе, што е клучна карактеристика за да постигнете нешто во животот.

Сметате дека е поважно да пробувате

Ако сте на патот кон успехот попрво ќе поднесете успех под сопствени правила отколку успех под туѓи. Попрво ќе ја кроите вашата судбина, отколку таа да биде во туѓи раце. Сами ги менувате правилата, сакате да креирате сопствено подрачје на делување и да успеете на свој начин. Градењето успех под туѓи правила ви дава чувство дека сте изгубиле.

Ги цените другите успешни луѓе

Успешните луѓе се среќни кога другите успеваат. Тие знаат дека одлични прилики има доволно за сите, па туѓиот успех го гледаат како нешто возбудливо и инспиративно, но и како доказ дека креативност и напорната работа се исплатат.