Фото: Pexels

Дали е само привремена фаза или знаците покажуваат дека е време за нов предизвик, односно ново работно место? Одговорот во продолжение.

Нема напредок

Веќе подолго време чувствувате дека “тапкате во место“, ништо ново не се случува, нема напредок и покрај вашата посветена работа. Едноставно тоа што сте го постигнале е максимумот што може да го очекувате од работното место.

Не сте задоволни

Не сте мотивирани и не се поврзувате со тоа што го работите. Не чувствувате гордост за постигнатото и токму затоа продуктивноста опаѓа. Она што ги тера вработените да продолжат е можноста да постигнат нешто значајно за компанијата и секако признанието за тоа.

Нема можност за учење

Компанијата повеќе не нуди можности за обука, тренинзи, семинари… не овозможува учење на нови техники и стекнување со нови знаења. Вашиот потенцијал и желба за напредок е потиснат.

Не се согласувате со целите на компанијата

Не верувате во целите и мисијата на компанијата за којашто работите. Честопати имате несогласувања со тимот, а се случува да имате сосема различни гледишта и со претпоставените. Она во што вие верувате не е примарна цел на компанијата, па затоа не чувствувате поврзаност со работното место.

Платата останува иста

Примањата не се менуваат, без разлика што подолго време одлично си ја вршите вашата работа. Знаете дека она што го правите за компанијата вреди повеќе. Кога трудот не се цени, логично е да се појави и незадоволство.

Замислувате поинакви сценарија

Ако постојано замислувате што би било во ваква или онаква ситуација и фантазирате за поинакви сценарија каде што вие имате сосем нова улога, значи дека е време за нова работа.